Некои Бугари пишуваа долги писма и ги навредуваа Србите: како сега се вратиле од Србија и ги виделе нивните невести; со нив јаделе и пиеле, та дури и спиеле; како тие таму кркаат и беснат со Германците и со нив — Бугарите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- А тие, булкиотите, погани луѓе! Се зборува дека тие таму, во Булкес, учеле како да се биде командант, а најмногу како да се биде комесар и.. И кодош...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Како рече, дека таму некаде веќе не ги слават светите празници? -Тие таму раскинаа со верата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тие таму носат само смрт.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тие таму не ми одрекоа. Со моја и со божја помош, еве почнуваме.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Меаните и ановите се празнеа од веселите бегчиња вратени од војна: тие таму пушеа наргиле, се фалеа со подвизите и кршеа по некоја чаша.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тие таму со денови, со недели беа под голо небо и гола земја.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Додека тие таму имаат коитус со разни, за нив туѓи персони, јас го носам мојот тросед на рамо и замислувам, во 90% од случаите, една иста личност со огромни цицки.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)