тоа (зам.) - бил (гл.)

Арто за таа тн. книжевна вечер се подготвувал мошне сериозно и прикажал агонија на човек што умира од чума, човек што е измачуван, а патем врескал и делирично извикувал, играјќи ја сопствената смрт и распнувањето на крст.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа бил еден од последните настапи на Арто и бил наменет за соочување со сопствениот фантазам на едно дисартикулирано, обдуцирано тело, тело како точка на преместување, подвојување и непрекината флуидност, коешто е чиста присутност и тело без органи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога стигнала забраната, прво тоа било земено на нишан. Седумнаесет кози! Идела комисијата и секој ден уништувала по една коза.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дури откога плати, дури кога виде дека тоа биле всушност сѐ на сѐ некаде околу триесет долари, се поврати.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Едно нешто што му помогнало било убиството на Синан ефенди, одметник, иако тој лично не му ја отсекол главата, како што тврди, туку тоа биле двајца платени луѓе, Есад и Бардуљ, Албанци од Метимир.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Работата во „Време“, додека бев таму, не ми се чинеше доволно важна. А сега гледам дека тоа било акција.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Следната сцена што ми ја прераскажа пријателката која го фотографираше приемот, беше како двајца од службата за животно здравје, го одвеле Давид во лудачка кошула, под изговор дека „на кутриот, од неодамна душевно болен, почнале да му попуштаат конците на трпението”, а евидентен доказ за тоа била „запенетата уста која е единствен и непобитен доказ за беснило”.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сакала да студира медицина, но биле толку сиромашни, бидејќи само вујко ми Вангел работел и ги издржувал сите, па тоа било невозможно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Нивниот татко бил со нив. И мајка им била таму. Тоа било доволно. ...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но, од келнерот дознав дека тоа биле странкињи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Значи, тоа било?“ наставничката го зеде албумот.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тоа било Министерството за надворешни работи (Форин Офис).
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Поради тоа било одлучено мисијата да тргне по подолгиот пат преку Скопје за Трн“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Логичен резултат на тоа било запознавањето на јавноста со постоењето на британски офицери на Балканот и на крајот соопштението на министерот за надворешни работи, во декември 1943 година, дека бригадирот Маклин е шеф на една сојузничка мисија во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сега првата нејзина реакција беше дека тоа било жива змија, која, се разбира, си заминала, но кога подобро го разгледа отпечатокот, што таа го направила на тревникот, пак ѝ се врати утешната помисла дека тоа било вештачка змија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Можеби тоа било само халуцинација. Дали навистина видела змија? Можеби само ја сонувала, минатата ноќ, рано ова утро.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А потоа наеднаш... немаше сили да признае дека и тоа било само попуст обид.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби во селата, горе во планината има луѓе кои знаат. Ама тоа било одамна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Попот велеше дека тоа бил божји зрак и знак за негово миговно појавување.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Исто така Бугарија со својата искусна дипломатија нѐ поддржа…! 5/ за хранењето на избеганите Македонци во Бугарија и како најголема награда за името Бугарин што го насадија кај нас, ни покажаа барем да знаеме кој е причината за сите наши несреќи, а тоа била…Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Всушност, по 1371 год. Марко станал турски вазал, како каков што и загинал во борбата со влашкиот војвода Мирче, но со тоа бил и навистина спротивставен со српскиот кнез Лазар, којшто им се спротивставил на Турците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Говедска жолчка, побрзал Пандил Димулев. - Да бараме говедска жолчка и грутче во таа жолчка. Тоа било доволно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе го закопаме она што ќе биде пепел, рекол друг зад Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Мечкојад во тие мигови чувствувал дека нешто однатре го присилува да се исповеда некому, да бара воздишка на разбирање и збор што ќе го утеши здрвен и со болка во петиците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа бил миг што еднаш во годината се јавува: наеднаш од две страни зачикчирикале две птици исплакнувајќи си ги грлата со сончева гаргара; потоа попукале сите возможни пупки на дрвјата и на грмушките, бело, жолто и румено, и го поплавиле светот со сладок мирис од кој и лицата на старците се измазнувале; и потоа од проѕирните далечини како да надошле златни потоци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа биле студени години во кои сиромаштијата под планинската црногорица му плаќала на султанот данок со крв, кога делии со зелени чалми ги собирале машките деца и ги носеле во булук кон Стамбол и кон Едрене, таму да ги потурчат, да ги научат да бодат со копја и да сечат со синџири, и самите подоцна, како брадести јаничари искитени со шарени перја и натоварени со топузи и криви сабји, да собираат нов данок во крв и да се борат против ајдутите во чии чети бил и Парамон Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На работ на клепките му се собирал мраз. Тоа биле мигови во кои и омразата испарувала од неговите мускули.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа бил удар од кој се паѓа. Кој е тој господ што едно вакво раскашавено човече ќе го стори видовито во името негово да гледа невидливи чудовишта, да ги слуша и да ги чувствува со мирис?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној негов дедо или дедо на дедо му се викал Парамон и, како сите од тоа време во Кукулино, бил умен и со две очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во некаква мртовечки зелена светлина што му лежела од другата страна на очите гледал танконог белец со проѕирна кожа како удира со копита крај гол куп месо на својот господар, потоа со нечујни скокови доаѓа до јама на чии запалени гранки догорува облеката на неговиот јавач, ја крева муцката кон небото и пишти со детски глас; под гранките догорува мртовецот и никој не ќе знае кога ќе му ја најде черупката дека жилата на челото била сечена - нејасна вина, ништо повеќе, грч на душата што се јавнувал само ноќе; гори мртвиот Дмитар-Пејко, коњот ја издолжува уште повеќе танката шија, копнее по сребрената 'рж на небото или му се моли на некој коњски бог да му ги исцери раните од селанските секири и колови; на жилава гранка зад карпите под кои пред тоа била дружината се мавтаат на ветар скинати узди.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа биле поцрнети и исушени луѓе со опаки очи и без насмевка; некои од нив, со завиткани шамии и крпи околу главите и рацете како воскреснати чкулави Лазари што знаат дека само двапати се живее, се сеќавале на вчерашниот живот и на мракот во тој живот потежок и од умирачката, на тоа химерно џвало на кое ни стробјак ни џуџе не му бега, но светлоста на утрото обилно доаѓала од исток и ги бришела од очите на призраците суровите сеќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
1 Само малку, ден неполн, поточно една ноќ по зачекорувањето на Лозан Перуника во староста што дошла по многу видени погубности, по оние умирања што се случиле во куќата на некој селанец со глува и нема ќерка, преостанатите дваесет и деветмина од дружината по изгревот стасале со двоколките во Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа некои исплашени и самите да не се запрпелкаат во мрежата на болештината, ја оставиле двоколката со воденички камења и избегале со своите волиња. Тоа биле Пане Долгманов и Кирил Сукаловски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби за миг погледнал во избраникот на игуменијата Минадора и можеби видел дека тој е третиот што ќе му помогне на качарот Никифор да ја смени скршената оска: така е, тој мајчин син бега од неволата на болниот Неделко, се прави удрен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што било потаму? Ништо... Кога до жолчка понижениот Адам Лесновец (самиот тој од гордост си го измислил славољубиво второто име) се вратил во пештерите и кога раскажал, издувувајќи ја со зборовите и маката од себе, дека се повлекол пред жените зашто не сакал да ги тимари (кобилите, рекол) со ластегарка од жал кон животворното млеко што можело да им секне а кое утре требало да ги израснува идните каменоделци, луѓето се насмеале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но разумот, еден во некој од тројцата по облик исти Онисифоровци, се усвитувал да сфати што се случувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога најмалку претпоставувале, видовитиот Дмитар-Пејко паднал на коленици и ги подал рацете кон нив. - Ми истечува крвта. Болен сум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пануклата, како што ја нарекол со мудро кренати веѓи црната чума, ги одвлекла кон невратни длабочини на кралството во непознатото подземје најпрвин преврелите Сандре Самарија и Самуил Пендуш, по нив, ненадејно, и згрчениот Филип Макариев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едниот се викал Борис Калпак, другиот Наџак-Јанко, обајцата настрвени и со крвави раце од она што пред тоа било и злосторство и одмазда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа било ставена тука за да залаже, за да ја истошти фатената ѕверка, а понекогаш и да се истркала над неа и да ја смачка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Треба да се знае дека едно значајно лице неодамна станало значајно лице, а пред тоа било безначајно лице.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но тоа бил само маргинален исклучок, кој не го потврдуваше инквизициското правило да се уништуваат библиотеки кои го заматуваа здравиот ум, ги дестабилизираа читателите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Виде едно безредие на бои и предмети и се зачуди: зошто му се стори далечно, во правечност, едно мислење, кога тоа било сега, пред еден миг, пред да влезе, дека на секој акт закован е со печат по еден човек, нумерирано е по едно стебло, фатена е во челична закачка по една овца.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сигурно никогаш не постоело време во кое тоа било вообичаено!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа била униформата на капиталистите и никој друг не смеел да ја носи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А ако е потребно да се преуреди сеќавањето, или да се преиначат пишаните документи, тогаш е неопходно и да се заборави дека тоа било направено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Не знаев дека тоа било црква“, рече тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Си мислел - рекиште, ќе те пофати и ќе те однесе, а тоа бил само плиток ѓол кој ни до глуждовите не ти досега.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа било по налог на потпретседателот на владата Борко Угрин.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Под неа десно, каде што завршува засекот, сум го одбележал школото, еве, тоа било школото, со две училници, жолто обоено и со големи прозорци, сега црни правоаголни дупки.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А што било тоа? Ѓавол да го земе, што било? Ете тоа било. Големо, во картонска кутија.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Спротивно од ССМ, КСС велеа дека ако работникот, кој бил отпуштен од работа поради деловна причина – на пример, поради издавање на деловна тајна, според тогаш постоечкиот закон, работодавецот требаше да провери дали може да го врати работникот под променети услови – сега таа одредба се брише и тоа било во согласност со директивите на ЕУ!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Јурејќи со коњот, Илко падна, удри со главата в земја и се разбуди. Виде дека тоа било сон.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- За што зборуваш? – прашуваше безизразната насмевка на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Овој пат, откако седнав на столот спроти Грофот, додека гледав во неговите раце, реков: - Тоа биле погани нешта .
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Почнал да пуши и тој а ма пари да си купи тутун – нема, а до посака од татка си – тоа било срамота.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Ама тоа не е странично! Сфаќаш? Тука пишува дека тоа било - наша реалност!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Проруското чувство морало да се почитува затоа што тоа било мислење на селанството, а „селанецот на Балканот обично е човекот на иднината“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мисијата на Џорџ Квајн заминална веднаш по пристигнувањето со партизанските курири во Главниот штаб на НОВ ПО на Македонија, каде што пристигнале на 5 октомври 1943 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Едновремено, воспоставената врска овозможила ВШ на НОВ и ПО на Југославија да испраќа информации за настаните во Македонија до радиостаницата „Слободна Југославија“, а тоа било можност јавноста во сојузничките и неутралните земји да се запознае и со настаните во Македонија во текот на1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа биле мисиите Монкеѕњренцх, предводена од Џорџ Квајн и Муллигатањнѕ, предводена од Ламби, која требало преку Македонија да замине за Бугарија и да воспостави контакт со тамошните партизани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај фактот што во одделни информации сè уште се правеле обиди од страна на Југословенската влада во емиграција оружените судири во Македонија да им се припишат на четниците, вистината за она што се случувало во Македонија и кои биле вистинските носители на отпорот не можела да се прикрие, а посебно имајќи ги предвид информациите од радиостаницата „Слободна Југославија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но и тој бил свесен дека за да се постигне заедница на слободни балкански народи, неоходни се демократски влади во секоја од балканските држави и сметал дека таков капацитет во себе носат новите лидери излезени од народниот отпор, кои имаат концепција за демократски поредок на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Некојси, а велат тоа бил Христос, се нафатил да го корне злото, лошото, болното, грдото, ама со добро и правејќи само добри дела.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Не е болест, тоа било нормална појава и траела цел живот кај жените, - нѐ убедуваше Анета.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Французите тоа ги вџаши од несфаќање зошто го одбегнуваат мостот и сигурно помислија дека тоа било поради камчето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа било голема касапница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Меѓутоа, кога сето тоа било готово, потребата од луѓе била сведена на минимум: еден ќе требало да го запали фитилот во визбата на бакалницата и да исчезне без трага и еден кој требало да се качи на бродот, а чиј живот можел да биде најмногу загрозен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Потоа разбрав дека тоа била италијанска ескадрила, којашто добила наредба да им дојде напомош на христијаните што беа изложени на колеж.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Најмалку заинтерсирани за тоа биле гемиџиите, кои сметале дека секој инцидент или заострување на ситуацијата во Солун можел штетно да се одрази, односно делумно да го провали нивниот план за акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Паробродот бил запален претходниот ден околу 11 часот претпладне, но граѓаните, сметајќи дека тоа било резултат на дефект на машинското одделение, не биле вознемирени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)