Можеле да се зграпчат, секој со крвави прсти да му ги копа очите на другиот, а некои од другите подоцна кажувале дека и едниот и другиот Онисифор го сонувале пред тоа покојникот Дмитар-Пејко, жив и со живи прикаски на танките усни за она што ќе се случи, навистина за она што се случило подоцна на патот од Кукулино кон нигде и на пат од тоа нигде кон селото со седумдесет и шест куќи, најубавите од камен врзуван со вар, повеќето накривени, плитарски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Бездруго, рекол првиот. - Пепелта на човекот е пак тој самиот, пепел. - Кога ќе те сторам пепел, пак биди тоа што си сега, рекол вториот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)