Пак и нема човек кој би ти одговорил на тоа твое прашање.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
- Ајде бре, не играј играчки со мојата анатомија. Не е тоа твојата политичка економија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во тоа писмо, на пример, немаше знак за „љубов“, па дури ни за љубов телесна, со жена; кога тоа му го реков на Писмородецот, тој чкртна со забите, светна со белото око и рече: „Тоа твоја грижа не е.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не помагаше тоа твое лечење...
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
„Или ќе престанеш еднаш да крадеш“, му рече еден ден на оној еден од нив, а можеби тоа му го рече тој самиот, но тоа беше безразлично, „или ќе си ја поскусиш раката со тоа твое левосување, или ќе му кажеме на Башмајсторон, да си знаеш“, додека се враќаа во приквечерината кон своите бараки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)