Имаме само една Мајка и тоа засекогаш... Му ја искажав својата согласност.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Махмуд Дарвиш мигум се оттргна од внесеноста во пејзажот и со повишен глас, можеби во знак на протест рече: - Да, луѓето се убедени дека јас пеам за Палестина, но јас пеам само за мојата Мајка...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И откако тој запишал, се вратиле коските назад во ковчежето и тоа засекогаш се затворило со таква сила што веќе никој не можел да го отвори, да го отпечати.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)