Кој може кога врне и бришачите одат лево-десно да даде лев трепкач, да сврти лево без да го допре тротоарот, од трета да врати во втора по пропис... и сѐ тоа ОДЕДНАШ... Ни таксист!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Та јас сам можев река од крв да пуштам да тече по Балканот, - рече тој и при тоа одеднаш му набрекна вратот, ја крена главата и јас се најдов лице в лице со лик на страотен јунак од сказните. Наши.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Таа, свесна за големата морална обврска што ја има спрема своето семејство, решава да оди докрај – но, благодарение на нејзината љубов и преданост спрема работата, како и лојалноста спрема институцијата во која работи – спорот, во некоја рака, се решава спогодбено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, таа се откажува од каматите – како би му ја олеснила на Синдикатот исплатата на главнината, а за возврат да ја добие целата долгувана сума по сите основи и тоа одеднаш.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По тоа одеднаш, како да излегоа од тунел, кога испловија на широко водно пространство, ги залеа светлина.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)