Кога Андре Лефевр се обиде да ја дефинира целта на Translation Studies, тој сугерираше дека намерата се состои во тоа да се „создаде сеопфатна теорија која ќе може да служи како директива во процесот на преведување“, и додека некои можеби се прашуваат за спецификацијата на оваа изјава, неговата јасна намера да ја поврзе теоријата со праксата е неспорна.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Еден од длабоките ефекти на аргументот за приватниот јазик е што тој сугерира пресврт во овој редослед на тешкотиите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во овој поглед, обете гледишта се всушност едно.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Како што одбележавме и порано, изгледа дека Витгенштајн на интенционализмот му го припишува заклучокот дека разбирањето на правилото во некоја смисла би морало да биде инфинитарно по карактер, така што сите можни апликации на правилото на некој начин се присутни кај оној кој го следи правилото кога ги сфаќа неговите барања; и ова е она што Витгенштајн го наведува на платонистичка интерпретација на гледиштето, бидејќи тој сугерира дека некој го сознава правилото на сличен начин како што и шините бесконечно продолжуваат во иднината, па според тоа се однапред и независно фиксирани.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Од картезијанска гледна точка, знаењето во „прво лице“ на психолошките состојби е непроблематично, бидејќи кон нив ни е отворен директен и транспарентен пристап, додека знаењето за нив во „трето лице”, како и знаењето на она за што обично сметаме дека го претставуваат, е мошне проблематично, како што покажуваат скептичките аргументи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во испратениот допис тие се осврнуваат на телеграмата на амбасадорот Рендел од 13 јануари 1941 година во која тој сугерирал дека Британците „би требало да ја употребат ‘Македонската револуционерна организација’“ и дека „сега тој е многу поубеден во својата сугестија отколку претходно“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во исто време, Министерството за надворешни работи го подготвило материјалот што требало да му се достави на британскиот амбасадор во Софија, Рендел, во кој, меѓу другото, стоело дека: "1) користењето на Македонците во никој случај не треба да го компромитира британското претставништво во Софија и 2) ние на Македонците не им даваме некои љуи про љуо во форма на некакво уверување во однос на нивните територијални аспирации".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Наместо тоа, тој сугерира дека преведувањето попрво би требало да се посматра како една инстанца во која јазикот би се согледувал како секогаш да е во процес на модификување на изворниот текст, на одлагање и разместување на која и да е можност за дофаќање на она кое изворниот текст сакал да го именува.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Дерида исто така постави како хипотеза дека таквото мислење е невозможно денес, во ова доба, но тој сугерира дека ние можеме да го започнеме мислењето на маргините на метафизичкото категоријално мислење и спекулативно да ги следиме заобиколните патишта на јазикот наместо главната насока за која е постигната согласност.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)