„Младешки стравови“, си помисли, фаќајќи го повторно перото: „Браќа мои, седејќи тогаш со вас, јас ви кажав дека сум следбеник на учењето на Христа, она што многумина го нарекуваат секта, зашто знам дека така најдобро му служам на Бога, а тој Бог е оној истиот на нашите татковци, та јас сум тука не заради неверување, туку напротив, заради искрената верба во сето она што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Зар беше важно тоа, каков и чиј е тој бог, кому носи корист, кому пропаст, дали тој има чалма или златен ореол околу главата, дали е облечен во турска салтамарка или е завиткан во црвено платно.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)