тој (зам.) - вкус (имн.)

Меѓутоа, исклучивоста спрема популарното исто така е продукт на аутизмот, и тоа оној псевдо-елитистички, и таа кај нас е посебно парадоксална имајќи го предвид тенкиот слој на интелектуална елита, и уште потенкиот на онаа која и економски е обезбедена.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ни остана за навек тој вкус на тестото на сиромаштијата, за да го бараме подоцна во жи­вотот секогаш тоа исто тесто, со надеж дека ќе го најде­ме Мајкиниот вкус во него, тоа тесто кое никогаш не нè за­ситуваше, колку и да го јадевме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се присеќавав на величината на Шарл Де Гол, на тој несомнен либертадор на Франција и Европа, соочен со предизвикот на владеењето на Франција, со земјата со која беше тешко да се владее, зашто нејзините жители имаа, како што велеше тој вкус за четиристотини видови сирења и уште повеќе вина, по големото недоразбирање со Французите и референдумот што сам си го препиша, во духот на демократијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поради сево ова, приказната за популарното (без оглед дали поаѓа од турбо-фолк естетиката или од традиционалистичкиот аутизам) за многумина веднаш ги стекнува сите негативни конотации.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)