Дали таа навистина не знаеше каде е родена?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ним не треба безрезервно да им веруваш“ беше нејзиниот заклучок во врска со однесувањето на тој војник на бел коњ.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И дали доверувањето и на таквите вистини личи на разголување?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зар има причина таквите нешта да се сметаат за тајна?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таква ја паметам мајка ми од она време кога ќе ја заварев седната до потокот на оној син камен што можеби војникот на бел коњ го дотуркал. (Кога го спомнувам војникот на бел коњ всушност мислам на човекот кој ја качил на планинава а никогаш не ја венчал!) А можеби каменов го дотуркал таткото на тој војник на бел коњ кога првпат му се посакало седнат да си ги лади нозете во потокот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ја замолив мајка ми да ми каже кој точно го дотуркал каменот, а таа се насмеа веројатно изненадена и самата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)