Тетин Борис, инаку девер на Буровица, го посвојува нејзиниот последен син кој бргу заминал по мајка си под неразјаснети околности и така Борис Кочов станува сопственик и на тој имот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Немаше недостиг од животни во имотот на семејството Адам; тој имот беше минијатурна зоолошка градина.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Колкав и да беше тој имот на душата, каква и да беше неговата недостижност за другите луѓе, животот на Богдан Јанков не ќе се изменеше по седумдесет години од првото заценување над дојката набрекната од синкави жилички и млеко ако тој чувствувајќи го мирисот на 'ржта и пелинот од момчешките дни, не почна да копа со ковчестите прсти по мусандри и стари ковчези и да бара спомени од младоста, нешто што ќе го врати таму кај што бил тој што бил силен и значаен на пат без тумби и румби и под небо без допир со чад од железарници и локомотиви на натоварени возови.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
По Војната, многу од тој имот му го зела новата власт.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)