Ете, тоа беа околностите што ме насрчија да го преземам одлучниот чекор.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дури и овде, на скаливе, додека седев пред нашата влезна врата, слушав како тој плач постојано се качува угоре заедно со сите оние гласови од месарницата што бавно но упорно ја освојуваа куќата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Брзам со овој илегалец (несомнено тоа е) и сакам да не го слушам тој плач.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој плач, се чини, најпосле ја пробуди. ѝ се отвори левото око, страшно, крваво, промрморе: - Злосторство! - повторно крикна и пак се изгуби.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А таа слика, таа глетка на трчање зад камионите, тој плач, таа болка, тие викања ми се вковаа во паметењето и сега споменот налетува, надоаѓа како бран, како рој, живнува, гори, жежи, се нижи збор со збор, вик со вик, плач со плач, солза со солза, издишка со издишка се врзува во синџир, се втиснува, стега, гмечи и боли...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таа плачеше, ја чувствував како трепери покрај мене иако и понатаму ме топлеше, иако и понатаму ме придржуваше со целото свое тело потпрено врз yидот на мртвите; ништо не ме праша, не сакаше да знае ниту зошто ни откаде, немаше намера да се бори против машината поставена од цел еден живот спротиставен самиот на себеси, 63 спротиставен на градот и на неговите лозинки - само тој плач на повредена животинка, тој безволен отпор спрема победата во играта, скршен отпор на разбранетата игра на пајаците во бунарот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)