Меѓу првите треба да се однесат: 1/ Македонците со своето обединување за преследување на интересите на својата татковина станаа важен фактор што навидум влезе во сојуз со бугарскиот народ и со сите негови официјални претставници за достигнување навидумни општобугарски интереси во Македонија, а всушност со тоа го направи бугарскиот народ и неговите официјални претставници и установи орудија за свои сопствени чисто македонски цели и интереси; 2/ Македонците од сојузници со Бугарите во решавањето на македонското прашање станаа господари на тој сојуз, во кој Бугарите фатија услужливо, а понекогаш и со горчина во душата да ги исполнуваат барањата на Македонците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И за Македонија биле експлицитни, максимумот што можеле да го добијат Македонците бил федерална Македонија во рамките на федеративна Југославија и дека со сите достапни средства би се спротивставиле на формирањето "голема македонска држава, која има аспирации кон грчки територии".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Маклин му го пренел британскиот став на претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито, за федрацијата, имено, дека одобруваат конфедерација меѓу сите балканските држави, непријателски и сојузнички, и по можност вклучување во тој сојуз и на Турција, и дека за нив не е прифатливо и би го спречиле секое "ексклузивно обединување или федерација меѓу Југославија и Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)