тој (зам.) - навистина (прил.)

Така дишеше, со целото тело, што се чинеше како во себе да го впива целиот воздух.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој навистина се наду и со некаква услужна страст се тапкаше себеси по големиот мев; го правеше тоа бавно, тешко, очигледно му беше напорно да ја подигнува раката; солзи често му течеа врз лицето; но тој веќе ништо не разбираше. Маргина 37 67
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имено, тие ги побиваат аргументите на противничката група со следното: 1.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најстариот досега пронајден споменик не мора да значи дека тој навистина е најстар, уште повеќе што до нас не е допрен ниеден изворен ракопис на Константин или Методиј, а се знае дека нивната дејност како преведувачи на богослужбени книги е мошне обемна. 2.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа човекот во животот некаде помеѓу она што стварноста му го дозволува да го види па спрема тоа и изрази и она што тој навистина може да го види и да го изрази.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но јас ќе згрешев ако Владета го примев како „надри“, бидејќи од сето што го кажуваше и што особено можев да го заклучам подоцна, тој навистина се трудеше да прави споредби и да користи, што би рекле историчарите, повеќе извори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додека го гледав сето тоа заедно таа ноќ, имав впечаток дека е многу повистинито (мислам, поневистинито, што всушност е многу повистинито) отколку кога навистина се случило - Еди и Ондин, еден покрај друг на пуста и ветровита плажа, облачен ден и само звукот од камерата, додека нивните гласови се губат во ветрот и одат некаде над песокот, додека се обидуваат да запалат цигара и сето останато.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Седевме во мракот на Синематик и го гледавме метар по метар материјалот што го снимивме во текот на целата таа година по сите места во кои бевме - Сан Франциско, Саусалито, Лос Ангелес, Филаделфија, Бостон, Хемптон и ширум Њујорк, во кој се наоѓаа сите наши пријатели.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во тоа време за тој филм воопшто не размислував како за меѓаш, но кога сега ќе погледнам наназад, тој навистина го означи крајот на периодот во кој правевме филмови само за да ги правиме.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој навистина им должи објаснение и тој е човекот, иако не го знаат, што би можел нешто да поправи во оваа ситуација.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Седеше во чамецот пред него и зборуваше: „Ти, проклет нацисту...“ Сирото момче, тој навистина не беше нацист.“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во знакот на јарецот (Under Capricorn), 1949г. •Со овој филм не постигнавте успех, но, што мислите, поради што многу француски критичари го сметаат за еден од вашите најдобри филмови? •Хичкок: „Поради тоа што во него гледаа она што тој навистина и беше, а не она што се очекуваше да биде.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Единственото што тој навистина го сака е да биде мртов и сокриен таму каде што ништо не може да допре до него и повторно да го извлече надвор.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Работата излезе на виделина и продуцентот рече: „Не можеме да ја употребиме”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога малиот човек ползи под вртелешката во движење, тој навистина ползи под вртелешката во движење.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На крај, ми падна на памет одлична идеја.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овој пат се понижи поради љубов, и тоа во целата приказна беше главно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дали тој навистина му завидуваше на брат му за спакуваниот ручек во кутијата или тоа беше само предупредување, претчувство за откритие што требаше да се случи скоро.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Штом Вера го рече ова, тој навистина стана и спрсна да бега.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Јас само пиев; не пеев и не играв; не учествував во таа простачка оргија на Фискултурецот, оти го мразев (и ден-денес се прашувам дали тој навистина толку лошо пееше, или пак јас, затоа што ја сакав Луција почнав пониаку да гледам на него).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Колата сега веќе еднолично тропоти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност уште додека наближувавме кон водата Иван го навести тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Огнено, ти реков, да можеше да те сместиме во сандакот ќе те носевме до куќата на раце - и објаснува Боге толку уверливо што сите веруваме дека тој навистина не се шегува туку настојува да ја вразуми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А што се однесува до потокот, тој навистина веќе се тенчеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Овде, чесно речено, лежи просто лудак - соопштува тој со незадоволен тон - но лудак, знаете ли, со здив на гнилеж; сакам да кажам дека одеднаш не можеш да разбереш дали тој навистина е лудак, или е, што би се рекло, премногу „префриган“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
-Што е, е - кој би знаел зошто зборувате во истото време додека Сухов упорно ве влече кон соседниот гроб.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа остана стаписана по овој бакнеж, сè уште не верувајќи дека тој навистина се случи, а момчето веќе ја бакна уште еднаш.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Без разлика на тоа што мислеа другите, дури и оние што му беа најблиски, тој навистина веруваше дека е неопходно потребно да влезат во владата за да сторат сè да се зачува земјата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но тој навистина, додека Онисифор Проказник со уште двајца отишол да го земе скриеното оружје на оној бег и на неговите измеќари со кои се колеле во куќата на немата Ганка пред да влезат во Лесново, седнал под стар орев и умрел говорејќи, зачудо смирено и без страв, дека не умира од старост, дека на дружината крлешки ѝ се залепила црна чума или проклета утеха: болката го одбрала него за да ги предупреди дека ни најумниот не е достатно силен да ја победи: злото ни секира го сече, ни нож го дупи, ни можеш да го зграпчиш за уши и да го урнеш од карпа в бездна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се молел пред умирање Симон Наконтик. Луѓето, свикнати да измислуваат молитви, да се сожалуваат или да бараат сожалување, и не го слушале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На Змејко не можеа да му поминат незабележано сите оние скришни мигнувања и кусите загрижени разговори меѓу тој извишен младич и неколцина од луѓето со сините комбинезони, од кои што тој навистина ниеднаш не успеа да дофати ниеден збор, но сосема добро ја гледаше таа игра меѓу масите на своето дуќанче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека тие ги кренале лактите да се избришат, од мртовецот не останала ни трага, така што тие дури и не знаеле дали тој навистина бил во нивните раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но ние, впрочем, сосема го бевме напуштиле значајното лице, кое, всушност, одвај да не било причина за фантастичниот правец на инаку, сосема вистинитата приказна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ах, сега, мора да прифатам, тој навистина ја извршува програмата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И тој навистина ги виде, за еден миг, пред да се промени сликата во неговата свест.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Осмиот месец веќе умееше да го прочита лекот за изгорено што им го остави Марин Крусиќ, и мајка му почна да го прави редовно, зашто се покажа дека е тој навистина успешен за лекување изгореници, па старата се прочу во околината и почна да заработува со него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Спрема ова што пишуваше во писмото и од она што го разбра од разговорот меѓу татко му и Марша, тој навистина има уште една мајка, во друга држава...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога ќе отиде кај Ристоса, овој ќе види дека и тој навистина бил негов, ама се откажал од него и тој го избришал од своите тевтери, та и тој ќе го напади.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој навистина не ги дочека војниците со крстовите и забитите — офицерите со белите коњи, но навистина ги собра селаните пред конакот на тргнување и навистина им одржа еден говор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Отвори го, велам, а тој навистина го отвори. А сега наведни се нанадвор!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Див тен) е сменет во Typical blend. Sex in ads. (Типична мешавина. Секс во рекламите)134.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Друг принцип врз кој почива културното попречување е надидентификацијата, дефинирана од страна на Славој Жижек како „игнорирање на оваа инхерентно опсцена основа и едноставно земање на дискурсот на моќта здраво за готово, однесувајќи се како тој навистина да значи она што експлицитно го вели (и ветува)“135.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Го пипнав мостот и тој навистина уште многу малку се лепеше, само ако многу силно ја стиснеш раката за него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Така, - реков јас, - Може и јас да се полулам малку? - ги прашав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ремек-делата и генијалците одат заедно и со тоа што одиме од едниот кон другиот го правиме животот посигурен отколку што тој навистина е, и може да ни се случи никогаш да не ја запознаеме опасноста од современата музика или дури и да бидеме во состојба да испиеме чаша вода.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во искрена доверба, и покрај позицијата во која се наоѓаше, за разлика од „оперативецот” Х.Х., другите анонимни водичи, тој навистина имаше поголема власт и тоа го покажуваше во односите со луѓето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А тој навистина не лажеше.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тој навистина се најде во замка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но тој, ете, дури тогаш сфатив јас, тој навистина бил чен на сектата „Паскал и неговите браќа“, како што често има обичај да му префрли мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)