Така би и во таа темна ноќ кога душата беше претворена во светлина за да го осветлува патот на сина си до границата која го сечеше Езерото на неколку километри од гратчето Подградец Бабата своите внуци, кои сега се оддалечуваа засекогаш од неа со малиот чун во судбинската ноќ на својот живот, ги заспиваше со прикаски и легенди поврзани со блиското Езеро, чии бранови често допираа и до бреговите на нашите соништа, ги вознемируваа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Старецот ја држи в раце свештеничката капа заедно со килибарните бројаници, додека ветрот му ја развејува проретчената коса полека отплетувајќи му го врзопот од долгите бели коси, што лабаво му трепери на тилот. „Одете оче, засолнете се во пристанишната зграда, ќе Ве повикаме благовремено”, му рече Лука Карер на старецот во чии раце беше крстен во црквата на Св. Дионисиј, заштитникот на островот, добивајќи го името по својот дедо, но и според еден од четирите евангелисти.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Градоначалникот Карер се врти кон разбиениот и замолчан собир на луѓе што го очекуваа доаѓањето на бродот од Атина во време кога и сувоземните и поморските патишта се несигурни не само од ќудите на времето, туку и од ќудите на луѓето, среде здивеното море на втората светска војна чии бранови, како и овие што, засилувани од ноемврискиот ветер, силовито удираат и на закинтскиот мол.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)