Арх. урб. Славица Даничиќ, која е одговорна за урбанизација на рекреативната област Жаблин, новиот град на Марна,со голема љубезност и стручност се одѕва на поканата да говори за урбанизацијата на Париз, чии концепции се одвиваат и се планирани одделно за секои шест години.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Едноставно забележувам дека наспроти еден ваков Бојс нема што повеќе ниту да се каже, ниту да се противречи.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се чини како оној најслушаниот Бојс кој исчезна низ прозорецот да се вратил низ рамките и присуствува на оваа изложба, Бојс-дијалектичар и оратор-бранител, Бојс на перформансите и екологист- кандидат на европските избори, оној кој ја подржуваше идејата “секој човек е уметник”, оној чија концепција за проширена уметност немаше ништо заедничко со “таканаречените пластични дарови”; се чини како тој, Бојс, теозоф и гуру, да се обраќа до ѕидовите, но само со неколку зборови педагошко резиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Анализирајќи ја рамката, кон делото ќе добиете поинаков пристап при што ќе сознаете дека „филцот (термички изолатор), маста (движење и храна) и бакарот (енергетски спроводник), соединети во оваа енергетска скулптура и директно поврзани со подот, сочинуваат поле на сила и набој”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)