Обично секоја дипломатска телеграма што ја испраќав во тие четири дипломатски години, ја оттргнував од мојата писателска вокација, се разбира без да ја смирам во себе, зашто тоа и не беше можно, ја сметав и како исклучителен тест кој подлежеше на сигурна проверка, а чии резултати многу ретко стигнуваа до мене.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На осамените срца госпоѓа Мариела им предочи шема (на таблата со креда испишуваше букви во квадрати и стрелки, а слушателите на нејзиното предавање тоа внимателно го внесуваа во своите компјутери) според која: ако лицето А е иницијатор за следење на лицето Б, а лицето В ја одобрува постапката за чии резултати треба да донесе одлука лицето Г врз основа на анализа под раководство на лицето Д, постои можноста за целни субјекти, покрај лицето Б, во истата постапка да бидат и лицата Ѓ, Е, Ж и З, блиски, условно земено, на лицето А по роднинаска, љубовна, деловна, клановска итн. линија, но со самиот факт дека не може да се апстрахира ниту една друга релација меѓу сите субјекти од А до З, не е исклучена можноста резултатот на анализата да покаже цел регистар на варијанти, со крајна консеквенца - обратен процес, со што целата постапка се релативизира.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кејџ вака сфатената и создадена музика понекогаш ја нарекува експериментална, во специфично значење на тие зборови, т.е. не толку како производ на претходно спроведените постапки на истражување, туку едноставно како ознака за “еден чин чиј резултат не може да се предвиди”.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)