чиј (зам.) - светлина (имн.)

Во оџачето одново прсна искра, за миг ги осветли и ги зголеми сенките врз ѕидот и Циљка толку долго ги гледаше, колку што летот на искрата во чија светлина го виде бледото и питомо лице на Мита и десницата нејзина во одвај видливо движење крената до челото кое го допираше со трите прсти...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа, долго, долго, во ноќта, ја гледаше жолтата ламба, среде Татковите книги, чија светлина допираше до најдлабоките предели на нејзината душа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)