А во селото и околината луѓето не еднаш велеа: - Кога запева Фимка, сонцето некако појасно и потопло свети, појот нејзин ја грее душата, ја смирува лутината, аргатската мака ја олеснува, ги полни срцата со некакво таинствено блаженство и замајување, маѓепсува, скротува, смирува, зближува, воздигнува и возвишува, а чучулигите губат лет во висина и славеите замолкнуваат, слушаат и љубоморат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Софија ја грее топло сонце.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Облечена во носија како што се облекувале, а на неа поредени украси од срма, ѓердани, рачно изработени ќустеци, чиниш сонце ја грее од две страни...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
„А јас ќе те прашам. Од каде е ова сонце што ја грее земјава катадневно?“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И однадвор и однатре ми свети: ми ја грее душата, ми поминува ко со рака по лицето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Така е тоа, велам, еден ја грее манџата, а сите дуваат во неа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Жената ми ја грее бањата, ми постила бели чаршафи и, едно за едно, ми кажува, се лесни: ние сме кавкаски Грци, вели, ама 38 година нѐ иселија ваму.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Трепетот на невидливата птица на звукот ги облагородил луѓето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чинките на човековата беспричинска радост им ја грееле крвта, ги тргале кон огнот зад ѕидот на урнатината и кон гајдата на Каменчо Скитник, човек што можел и од кал да измеси слатка погача.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)