ја (зам.) - доведува (гл.)

Оваа појава подоцна ја доведував во врска со нашата постојана балканизација, односно ропскиот менталитет кој не дозволуваше да излеземе од орбитата на деспотската власт.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чувстуваше дека со помош на својата волја ја доведува таа друга сила во постоење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дерида ја доведува под прашање која и да било дефиниција на преведувањето како пренесување, репродуцирање, претставување или соопштување на „значењето“ на оригиналот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не само да ја загадуваме туку и да ја доведуваме во опасност, во таква опасност којашто се заканува да го уништи животот на планетата Земја, можеби и целиот сончев систем. Најверојатно...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Поточно, ако општествено научното гледање на сето постоечко во некои теориски концепции уште и ја доведувало во прашање сеуреденоста и, следствено, објаснивоста на социјалните, историски, духовни, културни итн. феномени, на природонаучните пратеници кои во научната република ги застапувале владеачките парадигми или научно-истражувачки програми - тоа речиси не им паѓаше на ум.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Често директивата и несвесно ја доведуваше во врска со пиштолот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Гледајте се право во очи. (Со рака одбројува секунди. По извесно време Божо ја врти главата.) Седум секунди. (Ја доведува Параскева. Исто.) 13 секунди. (Го доведува Нове. Исто.) 15 секунди.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А модерниот интелектуалец, тој и онака се раѓа дури тогаш кога се ослободува од „функциите“ и кога идеолошката конструкција на „народот и неговата историја“ конкретно ја доведува во прашање.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)