Тој проклет Арсо! Вепар, огнен ветар, врколак! Лозан Перуника ја зграпчил секирата од земја и му ја забуцал в тил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- И така, не знаејќи кој си и што си, си ја запалил куќата, повторно се замешал Гавруш Пребонд.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Старчето нешто раскажуваше пребројувајќи на прсти, Сандре Самарија со почит ја нишаше главата пред неговата мудрост, третиот, Арсо Арнаутче, со преголеми очи ја следеше девојката, а мене ме обземаше желба да истрчам и да го зграпчам, да му ја забуцам главата во потокот: разлади се малку, стрико Арсо, имаш син на мои години!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И пак ја видов; доаѓаше со влажни стомни и чекореше премногу исправена за товарот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Да ме пуштат малку да ти побуричкам по тиквата, ќе се сетеше дури и на кој ден си му ветил на господа свеќа што никогаш не си ја забуцал во негов шандан.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Величественост на грев, темни мравки на крвта во 'рбетникот - што ли? - била страшната игра на преголемите инсекти што се гризеле богомолски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)