Беше тивок човек, и за разлика од неа, со крупен стас, изразено чело, очила преку кои ја загледуваше со својот питом поглед со маслинеста, не докрај одредена боја.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Што ѝ направив, господе, си мислам, го искубав девојчето. Ја одведувам Роса пред огништето и ја загледувам: образите ѝ се црвени и очите ѝ се црвени.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Од мојот уметник, - ја поправи Фоте, па и тој ја загледуваше фигурката од сите агли. - Само, за што ли служи?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ја загледував земјата во втората кофа. Беше влажна.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Подзапирам крај неа, ја загледувам. Жената и мртва е убава за гледање.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сега вистински би ја гледал со сето присуство на душата, а не како некогаш, кога постојано го прелистуваше каталогот, а јас ретко ја загледував.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Додека попот молитвуваше за доброто дело што го направија Цветко и жена му, некои од луѓето шетаа низ дворот, вртеа околу оградата, ја загледуваа од сите страни и на одредени места наоѓаа мани дека не е како што треба изградена, дека можела подобра да биде.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)