Ја зеде ронкарката метла, ги смете ронките, им тури пак вода на рацете, кладе борина, седна покрај оган и ја запна фурката да преде.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Неговиот другар со кого во болницата лежеа во ист кревет, со забите го кине копчето на џепчето од блузата, зашто двете раце и градниот кош му се изврзани со завои, ја вади со заби сликата на која му се жена му и син му и ја моли сестрата да му ја запне на штиците од вагонот; погледнува во сликата и испушта душа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Го потераа бикот во кланицата. Одвнатре ја запнаа со греда тешката двокрилна врата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)