И, за таа цел, се користат со уште една природна карактеристика на народната уметност, анонимноста, која тие ја злоупотребуваат и ја користат за ужасни цели: за маскирање, за криење во толпата, за стекнување славна, агресивна, естрадна анонимност!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Впрочем, денешните припадници на македонската „судиска каста“ и нивните спонзори, патрони и подмитувачи, не сакаат да ги симнат матните фикции во кои е обвиткан пишаниот закон – а зад кои се крие „правото на посилниот“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А токму поради еродираниот морален хабитус на медиокритетскиот и малодушен феномен наречен „македонски судии“, насушно е потребно, добро и правично [bona et aequi], да се регулира 308 оваа „сива зона“ – со цел економски помоќната страна да не ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот на труд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Овие самонаречени ‘чувари’ на словото, а не на духот на законот, работејќи во една системски корумпирана атмосфера, така дрско и безобразно, застанаа зад парчето интриганство – кое се состои во тврдењето дека меѓу работодавачот и работникот постои божемна ‘слобода на договарање’.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)