Првин, жителите на Потковицата си мислеа дека се свампирил пустиникот Акиноски и дека таков, повампирен, бара да си ја врати крвнината, макар и од погрешен човек, макар од кого ѝ да е, па престрашени ја избегнуваа гората, (дури и овчарите уште од зајдисонце се прибираа дома) а тој, Арслан бег, со пушката в скут, на коњ, со дружината по себе, акаше низ полето, но само од изутрина до навечер; и не одбираше ни од изорано ни од посеано, ни од ендек ни од дол, божем за да се сретне со него, со отворот што го галатеше, а всушност ги вијаше и ги поткупуваше воловарчињата и аргатите да извардат и да му кажат кој се крие зад гласот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Надалеку беше позната по својата црна магија заради што многумина ја избегнуваа и улицата во која живееше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Темата која за Рада беше болна, мудро и двете ја избегнуваа. Оставија заборавот и времето да ги излекуваат раните. ***
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се критизираат француските филозофи кои или ја избегнуваат рационалната аргументација или ја прикратуваат.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
На моменти си мислев дека тоа не е убаво од мене и дека, можеби, жената е многу добра и не заслужува јас да ја избегнувам.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Забавникот успешно ја избегнува претенциозноста на еден да речеме National Geographic, и акдемитисот на Галаксија.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Четири дена немавме никаков контакт, и сега јас ја избегнував, затоа што сакав да ѝ ставам на знаење дека сум лут; го избегнував и Земанека, затоа што и тој, на еден сосема извесен начин, ме изневери, оти се пријави да пее народна песна, а не предложи, на пример, да изведеме и една џез композиција, јас, тој и контрабасистот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Престани да бидеш дрзок. - Те љубеше? - Тоа го знаеш! - И ја избегнуваше нејзината љубов.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Многу нешта треба да „минат“, не само во лектирата, за заедно со Дерида, филозоф за кого не може да се рече дека ја избегнува одговорноста, да може да се рече: „Не верувам дека сѐ уште знаеме да мислиме што е нацизмот. Таа задача останува пред нас...“
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
И така, потоа... нејасно чувствуваше ... дека е поинаква, а децата го знаеја тоа и ја избегнуваа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)