А има право да бара да зборува со неа за работи што ја интересираат, да бара да ја изведува надвор барем во сабота, на прошетка или во кино.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ја изведував придржувајќи ја, таа одеше цупкајќи на едната нога, потпирајќи се на мене и на бастунот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Опскурното се искажува во бескрајната пластична операција што ја изведува феминистичката перформерка Орлан; опскурните односи помеѓу идеалните тела се откриваат во меѓумрежниот проект Bodies Incorporated во кој на посетителите на проектот им е овозможена конструкција на сопствени тела коишто потоа дејствуваат низ пропорции и релации на една однапред програмирана корпорација.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Најупатни информации околу школувањето на својата внука добила за училиштата во кои француски учители ја изведувале наставата само на француски јазик.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа рекла дека не сум рекол така, и дека сум рекол дека е простачка само точката што ја изведувам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Седевме и гледавме кон улицата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Минав крај построените војниците, следен од звуците на туниската химна, која ја изведуваше воениот оркестар.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)