Подоцна во ноќта Лит и Беренц, покрај чаша вино што ја испиваа во канцеларијата на командантот, се исчудуваа од каде на ова копно заборавено од модерната цивилизација, каде што луѓето живеат едноставен живот близок до природата, без малку како желките од ендемскиот вид царетта -царетта, постои, ете, и човек што толку добро говори германски и толку вдахновено говори за теми од музиката, философијата и теологијата, со стил од салоните на Хајделберг, а не од скромна митрополитска резиденција на еден речиси заборавен јонски остров.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Напладне, заедно со„пленот“, веќе е дома, истуширан, преслечен, и со смирена воздишка ја испива првата голтка топол чај од шумски јагоди и ја отвора скриптата со новата улога.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во недела претпладне кога одеше стариот в црква, таа почна во последно време да ги понадува било со слатко било со ракија, при кое Пискулиев си ја испиваше целата чашка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)