- Кој е? - пак ја кине тишината неговиот глас.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
— Благодарам, велам и ја кинам кутијата, се грабам за цигарите. Палам една, а ми иде сите да ги запалам наеднаш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Море, крвта нејзина...”, свикува сејменот и ја легнува; почнува да ѝ ја кине кошулата и да ја гризе како куче.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Бил премлад да ја соголува во мислите како што ја соголувал во себе, ја кинел и ја апел Арсо Арнаутче пеколната богородица без рожба, златоликата Фиданка Кукникова. Бол, скреж на животот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ уште се надевал извлекувајќи го јатаганот од појас: можел да стаса до својот коњ побрзо отколку гонителите до него. Многуте гласови како да го сопнувале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не, мислел, не е глува и не е нема, мајка ѝ само сакаше да ја спаси од бегот и од неговите измеќари.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Појасот со повеќебојни риги му се одмотал од половината и се влечел по него, го чинел бавен, грмушките и камењата му ја кинеле линијата на движењето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кажуваат не земало пари туку молел за неколку дрва за да има со што да се стопли болната сестра која по везден се слуша како си ја исфрла, како си ја кине утробата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Коле нервозно ја кине обвивката на писмото.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ама одозгора еднозадруго ми слегуваат некакви заплеткани конци, некои пајажини ми паѓаат вака право, како голема сенка и јас се барам со рацеве и се бранам со рацеве... Ја кинам сенката со нокти и веќе почнувам да викам, не се додржува гласот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И земам го растурам разбојот. Имав еден ложник клаено за ткаење ама одам ја кинам основата, ги истргувам повраталките, го вадам кросното, фрлам, чкрипци, ништи, малки и брдила, ги урнувам демите, ги клоцам подношките, сѐ.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И го дави човекот, му ја кине устата, му ги каса ушите, го дупи со палците.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)