Публиката ја коментираше рамнодушноста со која тројцата обвинети ја ислушавме пресудата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тој пропис му се допаѓаше зашто му даваше и нему можност да се правда и му ја смируваше совеста пред недоверливите погледи и замолкот на пријателите што таа политика не ја одобруваа, но во напливот на суровите времиња не се ни осмелуваа да ја коментираат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сепак, Никодин својата недоверба честопати гласно ја коментираше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Често се сеќавала невестата Ервехе на една мисла од Библијата која, по часовите кај лазаристите, си ја коментирала со вујна Клементина, според која „на човека му се знае точниот број на влакната од косата”, како и кажувањето од Куранот дека „човекот си ја носи судбината обесена на вратот!“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но, како времето одминуваше и самата знаеше де се насмее на оваа своја мудра досетка, па дури и да ја коментира: „Чудно, - велеше - трагачите или се загубиле во својата потрага, или веќе намерно ме одминуваат“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)