Митра пак, ја намириса работата, та и таа почна како Доста и така „браче Трајко" стана предмет за освојување.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Бре, бре! Ама се ѓаволи овие Македонци! - рече командирот на бугарската полиција.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Бугарската полиција ја намириса работилницата. Не е чудо да ви дојде на гости. Гледајте ведрете ја 48) што можете побргу!“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ја намириса неговата пот, и веднаш, во сонот, младичот знаеше дека жртвата е црнокосата девојка – срна.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тие ја намирисаа неговата намера за српското мухамеданско царство, та му припишаа и намера дека тој сака да стане цар на тоа царство, па организираа заговор против него и на 11-X-1579 година тој беше убиен на ѕверски начин.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Цигарите ги пикна в пазува, а кутијата ја намириса, нешто прозбори и умилно се насмевна.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
„Можам да се кладам дека тој веќе ја намириса Катиш Берестова!“, го прекина Клиневич.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Драги Клиневич, јас сосем сум согласен со вас и залудно вие... се впуштавте во такви подробности“, рече Тарасевич и продолжи, „Во животот има толку страдања, толку маки и толку малку одмазда... јас посакав накрај да се смирам и колку што гледам, се надевам одовде сé да извлечам...“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Никој не знае како дошле арапите, како ја намирисале меаната од Доксима Тренчески...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)