Neue Slowenische Kunst - како уметност- слика- и- прилика на Државата - ја обновува траумата на авангардните движења така што се идентификува со неа во фазата на асимилација во системите на тоталитарните држави.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ја користиме приликата дискретно да го воведеме Енценсбергер и да го соочиме со домашната литературна сцена на која се наметна една анахрона литературна постапка која задоцнето ја обновува, во голема мера старата и наивна форма на реалистичкиот роман.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
И покрај тешкотиите со микрофонот, настојуваме без пауза, во постојана трка со времето, сместувајќи се сега во доменот што доби повластено место од нашиот соговорник, да го покренеме прашањето за жанровскиот статус на т.н. епски дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Не можев да разберам дали тоа беше поривот на индивидуалната амбиција или нешто длабоко, необјасниво во мене, сигурно предизвикано од надворешни агенси што ми ја обновуваше потребата од постојано докажување.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)