Пред тебе сега свеќа гори, собата ја осветлува, дозволи ми да бидам пламенот, светлина твоја во темнината.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Улицата повремено ја осветлуваат веди. Кос дожд се спушта под удар на западен ветар и по калдрмата потскокнуваат прскалки со жолти цистерни.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Марин Крусиќ се покажа другар, и сенката што паѓаше врз ликот на Атиџе, тоа дека таа е најверојатно од друга вера, вешто ја осветлуваше со некои ведри, иако лесноумни забелешки.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Додека малечкото ќумбенце буботеше со сите сили за да ги одбрани нив двете од студот, додека малечкото усте бледо ја осветлуваше просторијата, Чана го измолкна писмото од пазувата Мајко, ја глеј шо ми дујде уд Пелагија! и го префрла од рака во рака.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Со него завладеа темната сила на злото, што го водеше кон пропаста, чија темнина недоволно ја осветлуваше само блесокот на златните предмети.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Уште еднаш на примерот на оваа сага се покажува дека книжевната уметност подобро од историографијата ни ја осветлува епохата која ни е толку блиска, но едновремено и далечна.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми носеше батерија и карта која постојано ја осветлуваше.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На карпата во пештерата висеа две електрични свтилки, ја осветлуваа целата пештера.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Може слободно да се рече дека сѐ што овде историјата, во своите чести брутални бранови, заматуваше во водите и душите на луѓето, во победите и падовите на империите, во налетот и манипулациите на идеологиите и неизвесноста на конверзиите, Езерото со својата магично обновлива чистота разбиструваше, ја осветлуваше надежта и во најмрачните времиња...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Блескаат ракети, ја осветлуваат празната дупка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)