И поитав кон одајата на Филозофот, но за да дојдам до неа, требаше да поминам крај одајата на Лествичникот, пречка несовладива да минам, оти тој старешина беше и можеше секој миг да излезе од одајата своја и да ме праша каде одам во глуво доба и какви сојузи склучувам со нечестивиот; можеше да ме накодоши за сојуз со рогатиот кај логотетот, и главата да ми ја отстрани од раменици, ако се случеше тоа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Винстон намести едно перце во перодршката и го исцица за да му ја отстрани 'рѓата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Чуварите се плашат од пожари ако го осветлат „Долма Бахче“ со електрика; некогаш овие дворци биле осветлени со струја но, поради страв од пожар, струјата бргу ја отстраниле...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
По неколку минути крвта продре преку газата и Дејв внимателно ја отстрани.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Може и колата да ми ја конфискува и да ја отстрани од сообраќај.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Му надојдува желба со само еден замав да ја пресече и да ја отстрани.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
За да ја отстрани сосем таа неспокојна мисла, почна да вика, да свирка, предизвикувајќи ги на тој начин од далечина своите кучиња, Караман и Стрела, кои останаа крај колибата, да лајат и со тоа барем до превалецот на Гола Глава да не се чувствува сам.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Така би ја отстраниле сета нечистотија што се насобрала во време на сушното лето, кога воздухот има многу прав.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)