Додека летуваа, ја беше паркирал во длабока сенка, дури и со половинки тули под тркалата; но, место тој, некоја банда ќе да беше ја позајмувала, барем ноќе, зашто не само што тулите ги снемуваше туку и од резервоарот беше исцицан сиот бензин.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мефистофел, кога влегол во библиотеката на Фауст, извикал: Ci-gt le temps! (Овде почива времето!) Но, трагајќи по турцизмите, ние не му ја позајмуваме душата на ѓаволот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ние сега ја позајмуваме од Сократа и она што тој сакал да го каже на филозофите, ние и го кажуваме на нашите театарџии: вистинската задача на приватниот театар ќе биде да му помогне на театарот да се запознае себеси.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ние настојуваме да ги ослободиме зборовите од него...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)