- Знаеш Томо! - предложи Рада додека му ја принесуваше исцедената чаша свеж лимон, - и двајцата оставивме една незавршена работа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Понекогаш, така, полускришно, гледав во него додека јаде, гледав како ја држи лажицата и како, со погледот надолу, ја принесува кон устата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ја сонуваше Гита среќна што го гледа, ги чувствуваше на скочанетото тело прегратките на децата, го сонуваше мирисот на чистата постела, мирисот на целерот од супата што му ја принесуваше Гита, мирисот на нејзината кожа, нејзиниот допир, нејзините нежни галежи...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Д-р Максимилијан Мертен задоволно ја брише устата со салвета по обилниот појадок, не брзајќи да се сретне со оној снисходлив Евреин што моментно раководи со солунската еврејска заедница.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тогаш, кога ја согледуваш правдината и ја принесуваш на тацна за да може да биде испиена.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)