Сепак, овие забелешки не ги оправдуваат оние кои сметаат дека единствено уметникот е способен правилно да ги претстави своите творби, да ги оживее и да ги измени низ едно естетско уредување.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој не сака да ја доживее судбината на Че Гевара, тој има своја судбина која сака да ја раководи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со машината и човек за да ја раководи, црн и тој, како и машината, и уште мешлест и, нормално, тром. Ја сместивме под сливата, на десеттина метри од бунарот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
19. Додека во Македонија беа отворени српски и грчки конзулати, бидејќи Бугарија во тоа време уште беше вазално кнежевство на Турција, во македонските градови Солун, Скопје, Битола и Серес беа отворени бугарски трговски агентства што всушност ја вршеа истата работа на конзулатите и заедно со егзархиските митрополити ја раководеа бугарската националистичка пропаганда.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се надоврзуваат простори со различни димензии, во некои се среќава осамена творба (како Olivestones), како и широки простори кои слободно „дишат“, инсталации кои меѓусебно се допираат.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За нив, налик на инонокластите од десетиот век кои на Исток станале познати по тоа што не верувале дека божествената Вистина може да се инкарнира во слика, ниту една изложба на Бојс повеќе не може вистински да задоволи, бидејќи уметникот не е присутен за да ја раководи инсталацијата на своите предмети. 82 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во есента 1967 година, започнува војна за ослободување на окупираните територии и тој таму ќе се најде.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Едно време управата, за да се ослободи од овој проблем, организира општо уништување на „прозорчињата“, лично оваа акција ја раководеше Аритон Јаковлески.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)