Дали твојата болка можеш да ја распознаеш со исти очи како што ја распознаваш радоста, притоа разликувајќи ги нивните вистински причинители?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Хаваи. Тахити. Тешко дека веќе можев да ја распознавам музиката, но таа неодоливо потсетуваше на плажа и лесни неоптеретувачки движења кои се трудев да ги погодам пред да ме затресе тектонски, еруптивен вулкан.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Веќе ја распознаваше неговата свирка, но сега тој се обидуваше да го научи да го разликува – остриот, краток свиреж: „дојди“, долгиот, развлечен: „ти носам храна“; два едномерни – „подигни се“, при што змиулчето ќе ја извиеше главата и горната третина на телото и одлепено од тлото, се нишаше лево- десно.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)