7. На отец Стефан, по понижувањата што му ги нанесе Филозофот, само една мисла во главата му престојуваше: да ја здроби, да ја уништи, да ја спали, прав и пепел да ја стори штичката што говори.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сосема природен беше оној негов пристап од темнината, како тоа да беше единствената работа што тој можеше да ја стори, а во пикањето на раката под кошулата немаше ништо страшно, ништо вулгарно.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И така, ја сторивме работата. Без грешка. Како што сакаше Комитетот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Нека си зборува кој како сака, тие си ја сторија честа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Тоа е единствената работа што не можат да ја сторат; можат да те натераат да кажеш што било - ама баш што било - но не можат да те натераат да поверуваш во тоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Никогаш не раскажа ниедна неправда од детството, од очувот кој велеше дека од кило месо ја сторил човек.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Има повеќе од една година, јас се готвам да се женам, а ти ми ја стори бегалка свршеницата?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Како тоа, помниш ли, има повеќе од една година, јас се готвам да се женам, а ти ми ја стори бегалка свршеницата?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)