Инаку, ни за мангар не го бива; но зашто е голем, добро ќе му дојде на Иса да го испружи колку што е долг, така Исо ќе си ја умножи славата, без ништо да изгуби, а селаништето ќе научи во иднина да не се перчи дека нема помаж од него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Хаџи Ташку од порано известен од Хаџи Панови, делениците Акиноски, дека в сабота ќе дојдат потковичаните за да се измират со него, намисли да ги состави и да ги збори Иса и Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Потоа, во исчекување да му биде предадено одликувањето, несвесно ја поттури главата нанапред, спрема Мурада, а кога и тоа го направи, односно откако Мурад му го обеси одликувањето, ја исправи главата и изговори: Алах да му ја умножи славата и удопствата на Прагот на среќата и лично вам, наш високославен султану.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Можеби затоа ѓаурот, сметајќи го тоа за негова, Мурадова, слабост, му се потсмевна - Алах да ви ја умножи благоста највисокодостоен господине. Пих, ќор оглу!
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)