Бидејќи геј-мажите добиле прием во популарната култура токму со ставање во заграда или со обезважнување на карактеристично сексуалните димензии на нивните животи – видете го само успехот на филмовите и на телевизиските серии како што се Филаделфија, Вил и Грејс, Настрано окце за стрејт-дечкото, Кирија и Планината Броукбек – низа гласови се кренаа да го поддржат приговорот на Ворнер против десексуализирањето на геј-мажите. И јас придонесов кон таа критика, па нема да ги разврзувам тука истите претходни аргументи.102
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)