- Добро де, а сте мрднале ли надвор од куќава воздух да ве фати, сонце да ве огрее, а?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Мене исклучи ме – се побунив и се навредив. – Тие не читаат, но јас читам, мама нека ти каже.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога тој се врати со списокот на јадењата, авторот го зеде, го држеше на масата како поттурнат в десно, некако далеку од себе и му рече: „Слушај! Додека јас читам, донеси ми едно шише бела Александрија!“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Јас читам гласно: Патнику жеден, богат или беден, оваа вода, чиста е, се пие, напиј се, на здравје нека ти е Мирчо од с. Брегово.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Но, тупаницата на отец Стефан Писмородецот биеше безмилосно ако јас читав со поинакви очи од неговите; еднаш прашав дали можеби Јов греши затоа што е безгрешен, и дали можеби Бог во таа книга е премногу суров, оти иако му ги враќа имотот и добитокот, и децата што претходно по ѓаволов наговор му ги зел – тоа не е истиот имот, не е истиот добиток, и што е најскрбно и за мене најнесфатливо – тоа не се истите чеда што му ги зел; прашав и добив тупаница не по крстот, ами по носот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)