јас (зам.) - малку (прил.)

О, боже, што да чинам, поарно и јас малку да се иставам дури да се расони, оти што се вели: сонит — манит, полош и од пијан (Излегува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: (Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице, на кое никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина, со густи, накуштравани веѓи кои го оцртуваат намуртеното чело и го засенуваат, правејќи го уште постуден студениот поглед; со остар, отсечен говор, кој скоро никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив, на најблиските најмногу, со потценување дури и презирање преку волја, како и да не заслужуваат со нив да се разговара.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тој нејзин наклон кон жените и јас малку го забележав, ама уште не ми се верува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но јас онемував и безгласно повторував со крвави усни - таа е нема, таа е нема, таа е нема. Крв сегде, крв во мозокот!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Чекајте, браќа“, викаше тресејќи се во огништето Никола Влашки: „Дајте и јас малку да им ги копам со нокти срцата.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас малку професионално, ама гледам одлично се грижите за растенијата - Прекрасни се!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се чини дека јас малку сум се успал, нели?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Росана на нашиот Шеф! - велам јас малку поофициелно. - Колку што мене ми е познато на катов друга Росана не постои.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Патем, и јас малку бев наклонет кон тоа. Хипохондрија. Анална педантерија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како триесетгодишен ерген носам лузни и читам весници - херпес, сида, азиска гонореја која го победува секој познат антибиотик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Среден простор и книги сложени алфабетски.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ама јас малку го паметам, само како дете го паметам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)