ѝ (зам.) - возврати (гл.)

- Ќе ми се фатиш за мандалото - ѝ возврати Метакот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сеќавањето на мајка си му го кинеше срцето затоа што таа почина сакајќи го, додека тој беше премногу млад и себичен за да ѝ возврати со љубов и затоа што на некој начин, - не се сеќаваше како - таа се беше жртвувала себеси на едно сфаќање на лојалноста, кое беше приватно и непроменливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- А ти - ѝ возврати Душка - не ми се прави невина како ништо да не знаеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Прекрасно! Нека ви е со среќа! - ѝ возврати Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Леле, па вие сте преполна со стресни одговори. - ѝ возврати Долгиот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Не помалку од тебе сакам и јас, ѝ возврати другата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Ти пак, сè знаеш и секогаш си во право – налутено ѝ возврати тетка ми Оце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Да не не си истата со Саше, а? – ја дополни мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сфаќаш дека постои држава што се грижи за луѓето, а тие ѝ возвраќаат. ...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Самуел ѝ возвраќа со уморен поглед.  „Тоа треба да се подели со луѓето”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Задржете половина за нас. Половина поделете им на комшиите”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа не очекуваше Тина да ѝ возврати, туку само гласно размислуваше во топлите приквечерини онака наседнати на дрвени столчиња пред вратата на својата одајка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Не сум Штрк, туку сум Трска, кукле - потсмешливо ѝ возврати тој и му намигна на Мечка, којшто веќе го имаше на нишан земено Даме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Колку да ѝ возврати, Грдан ја праша дали може кога готви за себе да готви и за него од истото, а таа се согласи да се обиде, ако му се допадне нејзиното готвење, и ја зголеми киријата уште за толку.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Па, ти благодарам“, ѝ возврати мама. Вратата тресна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)