Но,само половина час подоцна, додека во аеродромската зграда чека подвижната лента да му ги донесе куферите, тој со фраерски поглед Г-8 ѝ отпоздравува на истата стјуардеса, што сега испаѓа дека е блондика со ретка комбинација = долги нозе + срцолико усте. * * * А третата ноќ по доаѓањето во Познањ: Баш се згодни овие Полјачките – му дофрла патникот на Луис Алфонсо, наздравувајќи со нова кригла светло пиво во преполнетото кафуле „Dramat“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ја крена чашата и наздрави при што сите станаа и со насмејано и весело лице ѝ отпоздравија: „Многу среќа и радост во Новата година!“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)