ѝ (зам.) - предаде (гл.)

И како што плачам и си редам така, Уља, јатрва ми, ме шиба со лактот, ме тргна за ракавот и ми вели: - Запри малку, Велико, знаеш дека две деца ѝ предаде на земјата, вели, знаеш дека еднозадруго ги закопа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Потоа, ѝ се обрати на Душка. - Сакам утре да се најдеме за да ѝ предадеш нешто на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дека во тие три месеци не смее да се гледа, ниту да разговара со мене; и дека во тие три месеци треба да состави комплетно досие за сите досегашни контакти со мене и да им достави сѐ што до сега во писмена форма сум ѝ предал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Утредента на закажаното место Томо на Душка ѝ предаде поприлично големо пакетче врзано со панделка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)