ѝ (зам.) - пријде (гл.)

Во Cut Piece Јоко Оно монотоно седеше на сцената откако се качи и ја повика публиката да ѝ пријде и да ѝ ја распартали облеката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа метафора на само- уништувањето којашто граничи со уништување на само-почитувањето, способноста да се сака и да се биде сакан исто така е дел од наследството на деструкциската уметност уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имаш слика па гледај ме!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бети ѝ приоѓа на девојката, ја зграпчува за врат и ја фрла на плочникот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На оваа убавица со години сум мислел, сум се мачел да ѝ пријдам, поради мислата на неа толку пати не сум можел да легнам со жена ми и одеднаш, сега кога таа ми се предаде, кога имав чувство дека пречекорувам во пределите на рајот и чистата среќа, дури и помислував како ќе се разведам за да се земам со оваа жена, јас одеднаш почуствував несовладлива желба за сексуален однос со мојата жена која, еве, на очиглед ме изневерува со радијаторот, како што тоа буквално може да се каже.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Дедо ми полека ѝ пријдува и ѝ шепоти: - Остави го детето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Трето: Никој не смее да ѝ пријде на дружината на Бузо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Единствен долномаалец што се предомисли и ѝ пријде на Бузовата дружина е Марко.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мајка не можеше да ја заврши реченицата од солзите што не можеше да ги задржи. ѝ пријде братот кој студираше медицина. Ја прегрна.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Благо ја прегрнува: - Нано, ти си тажна...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Синот ѝ приоѓа на мајката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Често си играше така како мал, кога ќе надојдеше Луда Мара, па и подоцна кога сè уште не можеше да се оттргне од детството, иако веќе покрај него шеташе по некоја од неговите симпатии како манастирска пауница, на која тој уште не знаеше како да ѝ пријде, како да ѝ се приближи, да ѝ се додвори и да ѝ предложи (љубов, се разбира, не неизвесна иднина со непознат сликар).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кате ѝ пријде да ја смири, ја зеде под рака и почна да ја теши: - Маре душо, олади.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со едното раскошно крило, распослано како ладило и влечејќи го по земја како тореадорска пелерина, прекрасната птица скришум ѝ пријде на кокошката, ја зграпчи со мудар стисок и за космички миг ја забоде на земја, нешто што кулминира до точка на вечно топорење и гордеење.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој ѝ пријде поблиску на девојката и тогаш почувствува како му надоаѓа нова смелост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И тој насмеано ѝ пријде, се пошегува со неа ирече: "Си решила да се излежуваш, мрзо една!
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Го пушти сопрутот и ѝ пријде на Сандра, се наведна, ја бакна в чело.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сандра, свесна дека тој целосно стравува да ѝ пријде поради нејзината болест, насмеано му рече: „Копчето!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И рече дека денес, откако јас сум се опијанил, ѝ пришол Фискултурецот и ѝ рекол да појде со него до Велес, оти по пат треба да ѝ го соопшти решението на централниот комитет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас ѝ пријдов, ја прегрнав и ја бакнав во челото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа се оттргна од мене, ја избриша од своето чело влажната трага од моите усни, и истрча од собата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека другите веќе на големо експерименираа со помалку или повеќе недолжни предигри, таа сè уште размислуваше зошто никој не ѝ пришол и не ја прашал дали сака да му биде девојка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Офтика на темата ѝ приоѓа на својствен начин.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се исправил во чиста кошула без една јама, не толку возбуден колку сигурен во машката намера; нечујно ѝ пришол како да не ја допирал земјата со опинците - Фиданка Кукникова не го забележала зашто и со воздишки и со мисли била свртена кон трепетливите далечини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секогаш подмолниот Арсо Арнаутче доаѓал на прсти и бил без оние извалкани крпи врз окото, сега со некаква бела превивка што можела да претставува повеќе контички украс отколку заштита на рана од јатаган.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зарем можеше да испаднам толкава будала и да не ѝ пријдам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Долго бабичката ќе прикажуваше, но дамкавиот ѝ приоѓа и замислено ја прашува кај ќе ноќева.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неколку минути Симона пливаше во базенот. Потоа ѝ пријде еден набилдан дечко, со избричана глава и тетоважа на симболот на гардата на десното рамо – црвена роза пресечена од златно – жолта крива сабја.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Од кругот на салата ѝ приоѓа принцот и таа го препознава момчето што на улицата ѝ ја украде влечката.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кучката се двоумеше, но на крајот ѝ пријде.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Потоа пак, следејќи ја како игра со персоналот, се окуражи, па и тој ѝ пријде и ја покани за игра.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ѝ пријде со непознати чекори, тромаво, несигурно и го осети под своите дланки трепетот на сувите, подвиткани раменици. „Сеедно, Марија. Сега бегај. И за помалку од ова стрелаат.“ И сега со лути пцости во влажните очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И во стравот што се нашла во затворен простор, место да излета низ отворениот прозорец крај Мил, таа удри на другиот, затворениот, и од ударот се ошемети и падна на первазот од рамката; ѝ пријде Мил и виде каде што претка со нозете превртени на грб.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Им ја стисна раката во знак на сочувство, утеха и восхит: - Не сум видел досега ваков човек кој така спокојно ѝ приоѓа на смртта...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И ете, понесен од анархичниот дух што тој балкон го всадува во мене, решив да ја преземам судбината во свои раце, па конечно да ѝ пријдам на комшиката Џун.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Влезе во келијата како и другпат да ѝ држи епитимија на Смилјанка; таа лежеше гола на постелата; кога ѝ пријде и кога го зеде веленцето да ја покрие, таа се покрена, го фати за рацете за вратот и го повлече кон себе; тој почна да се трга, да се опира, да се исправа, но нејзиното тргање беше посилно и тој клекна на колена крај неа, а потоа се наведна над неа допирајќи ѝ ги градите со брадата; таа од влакната почувствува скокот и возбудливи трпки по кожата и уште посилно го привлече влечејќи му ја главата кон своето лице.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кабаницата со биковска врелина и готовност да распарчи секаков отпор под копита, да распне сѐ на рогови, да се забуца до врелина во врелина, ѝ пријде несфатливо брзо и ја прегрна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во тоа време се чу сигнал од радио-станицата. Англискиот офицер ѝ пријде на радио-станицата и рече нешто на англиски јазик.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И неочекувано откривам како во мојата замисла Виктор наеднаш ѝ приоѓа, како со еден зафат на раката ѝ го откинува десниот ракав, а потоа секавично неговата рака повторно се крева и сета десна половина од фустанот останува згмечена помеѓу неговите прсти.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И како да се несреќни само затоа зашто не им е пружена можноста да откријат каде точно стои таа пуста неминовност за да ѝ пријдат и да ја потупкаат по рамото. (Можеби се надеваат и на некаква противуслуга преку создавањето на поинтимни врски со неа).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Или претпочита некој да ѝ пријде и да ја поведе.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Реков: - Девојкана само ја видов но немав намера да ѝ пријдам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но и вечерта кога ѝ пријде, не беше доволно јасен во намерата .
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Впрочем јас воопшто не ѝ пријдов на девојката што ја спомнав.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Полека ѝ пријдоа и се загледаа во нејзината дланка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ѝ пријде на колата отстрана. Момчето му ја позема раката и му даде пезос.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Полека ѝ пријдоа на вратата од сопчето и застанаа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Можеби треба да одиш на лекар“, ѝ реков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тогаш ѝ пријдов и ѝ ја ставив раката на челото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ја обземало тага што не може како другите деца да трча, што при врвење по улица некој невнимателен човек се подзавртува и ја загледува како оди нанесувајќи ѝ го погледот болка, што скоро сите ученици меѓу себе некој некоја ја сака или има симпатии, се дружат, шетаат заедно, а нејзе никој не ѝ пријдува, не ѝ обрнува внимание.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И јас не сум којзнае што – си мислеше Ц пред да ѝ пријде.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кога ја видов ѝ пријдов и ја разбудив а таа со плачење ми кажуваше: Миле, јас денес се испокарав со снаата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ѝ пријдов и ѝ реков: - Госпоѓице јас го познавам ова мало дете.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Видов како ѝ приоѓа на водата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Татко ми пресмета дека зачетокот мора да се случи на 1 април и само на тој ден ѝ пријде на мама со предлог да зачнат дете.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Првпат тато ѝ пријде на мама на 1 април 1903 година.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во 1904 година, на 1 април, тато започна да ѝ приоѓа на мама со истиот предлог.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Утредента, кога се подготвував да тргнам на училиште, ѝ пријдов на мајка ми додека ја палеше „првата цигара крај шолјичката со првото кафе“ (како што има обичај да рече) и истовремено си ги шминкаше очите, и ја прашав отсечно и строго.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)