Таа постоја малку како да не чула, ги крена очите кон него, го погледна и како да ѝ пукна нешто во неа, му рече тивко: „Ајде...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во едната рака држела сребрена кофичка додека се пробивала низ грмушките и итро ја повикувала исчезнатата крава, молам, нека се врати дома, или утробата ќе ѝ пукне од неизмолзеното млеко.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во ходникот седнала една дебела жена и си јаде бел леб и кашкавал. Ја преполнила устата, ќе ѝ пукнат образите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе ѝ пукне резил на момата!... Збери си го умот, што правиш! Жив ти господ!... (Му паѓа в нозе).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Боге ја погледна зачудено, не Кате туку марамата, па ѝ ја грабна од рацете како само уште неа да ја барал; но, додека ја пикаше во торбата, настегајќи ја со колено пред да ѝ пукне патентот, почна да се смее - прво придушено, потоа сѐ погласно.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Да му кажеш дека го вика мајка му на Зафира да дојде масло да свети...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)