Јатрва ѝ Митра, која цела година гледаше кај мава Доста, побрза со задоволство да ѝ соопшти дека попот отишол кај Жиовчеви со услов да и венча децата кога ќе потпораснат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ѝ соопшти дека ноќта ќе ја помине во нејзината соба, а наредниот ден претпладне заедо ќе заминат во Метрополата, на средба со Ема во нејзиното студио.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И тој ѝ соопштил: дека има укор пред исклучување од Партијата и дека има три месеци време да покаже дали ѝ е лојална на Партијата или не.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На мајка си ѝ соопшти дека во петок е на хор.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Колку беше среќна кога ѝ соопшти за својата одлука...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Кога на мајка му (која сѐ поосамена, поизгубена исчезнуваше меѓу фотографиите, мебелот) ѝ соопшти дека долниот кат од куќата ќе го преуреди во Гостилница, веќе одамна го имаше изодено својот пат.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
- Нема да ѝ го купам ветениот сладолед и нема да ја одведам кај Јана да си играат. Тукушто ѝ соопштив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Со доаѓањето на мајката Роса и Деспина и да има Танаско нешто да ѝ соопшти тоа нема да го направи пред нив, си мисли Пелагија.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Почнав да ја набљудувам тетка ми, која погледна на рачниот часовник во моментот кога мажот ѝ соопшти каде ќе оди.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Просто да ми е срам дека ми е некаков вид род. Да не беше пустиот Сотир...
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Потоа мајка ми ѝ соопшти на тетка Олга дека одам на конференција за млади метеоролози во нивниот реон, со тоа што сигурно и сите соседи во нашата зграда погрешно се информираа за мојот успех.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тетка ми, бидејќи е сепак добра и умна жена, веројатно сфати како изреагирала и побрза да ми се извини и да ми објасни што се случило.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Нели, токму тоа беше најприродниот начин да ѝ соопштам на странката и на потчинетиот дека сум пристигнат!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
За да ја утеши двојничката што ја гледаше од зад стаклото, со здржана насмевка ѝ соопшти: „Ништо чудно.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Наеднаш го слушна како се накашлува. Ѝ соопшти со нагласена сериозност: „Најголемите несреќи на луѓето им ги приредуваат недоразбирањата“.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)