Девојчето трга, повеќе да ѝ угоди на мајка си отколку што самото има некаква надеж, поминува отсутно наоколу и се враќа збирајќи раменици:
- Нема.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
За да ѝ угодат, го отвориле календарот на друго место; пак се појавиле три имиња: Трифилиј, Дула и Варахасиј.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А потоа се обидува да ѝ угоди и на мајка ми.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Душата ни е слабата точка. Се трудиме да ѝ угодиме.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И се што му нарачаа донесе. Кога Митра направи забелешка дека Стојо не донесол поарни дарови, (а се знае: за да ѝ угоди на мајката), Доста застана на негова страна: — Арни се, арни сестрице Митро!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)