Ни чекорот кон длабока и непозната бездна. Ни заедничката Марија на која ѝ удри печат курва, зашто не беше и твоја.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ја фатив за ременот околу вратот, ја извлеков надвор на балконот ѝ удрив две шлаканици по задникот и ја пуштив да избега.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Нејзиното дишење премина во брзо бревтање, крвта ѝ удри во тилот и се чинеше како нешто да ѝ се сврти во мозокот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Нека ги земе ѓаволот шутрачишта, ќе рече Али-бег, а воденичарот Ариф Исмаил ќе ѝ удри клуч на неговата воденица, дочекал свој миг дотогаш незабележаниот Богоја Гулабарин; до него седеле на долга и грубо изделкана маса од едно оревово стебло Проказниковите приврзаници Пане Долгманов и Цветко Грнар и, озарени од внатрешна возбуда, со будалесто нишање на главата потврдувале дека е така.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- И секој воденица, а? - Секој. Не можат мајкојдците да јурнат како на една воденица и да ја урнат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сето тоа и не мораше да ѝ го кажува на Митра, по миризбите што ѝ удрија во носот, сфати на какво место се наоѓа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
На нозе сите, и секоја да ѝ удри по една тупаница по муцки и да ѝ плукне в лице. – Ха, ха, ха, ха! – почнаа да се смеат сите кадани, очигледно задоволни што не им го презеде младата ѓаурка добриот кадија.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Бистра ѝ удри една заушка, ама сестричката продолжи да се смее.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Гледав како јадат од цедевитата, па и мене ми се јадеше, а не сфаќав зошто не ми даваат лажица. Молчеа и мласкаа.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Не знам како ме додржа господ да не ѝ удрам шлаканица.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)